Маурисио Покетино е новиот тренер и тој ќе биде четвртиот кој ќе ги води лондончани во последните 8 месеци. И веднаш се зафати за голем ремонт.
Според информациите од Островот, дури 15-мина фудбалери ова лето ќе си заминат од Челзи, а во план е да се донесат неколку квалитетни засилувања со цел да не се повтори катастрофалната сезона.
Парите за новите трансфери ќе бидат обезбедени од овие 15-мина фудбалери, но сигурно дека и сопственикот на Челзи, Бојли, ќе го одврзе ќесето.
Челзи на некои од фудбалерите ќе загуби голема сума пари, но таа ќе биде надополнета со обесштетувањето за фудбалерите кои потекнуваат од нивната академија.