Покетино се расплака и му рече благодарам на фудбалот (Видео)

Тотенхем е единствениот тим во топ 5 лигите кој во двата преодни рока сезонава реши да не купи ниту еден играч. Тренерот Маурисио Покетино веруваше во своите момци од минатата сезона, а тоа сега се покажа како вистински потег. Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампионите откако во неверојатна завршница вечерва со 3-2 го елиминира Ајакс, и тоа во Амстердам.

„Уште е тешко да се зборува. Емоциите се неверојатни. Му благодарам на фудбалот. Моите играчи се херои. Во текот на целата година на сите им велев дека оваа група момци се вистински херои. Во второто полувреме беа неверојатни. Благодарам на фудбалот. Вакви емоции без фудбалот се невозможни. Благодарам на сите оние кои веруваа во нас. Тешко е ова да се опише со зборови. Покажавме дека ги сакаме спортот и фудбалот. Беше уживање да се гледа еден ваков меч. Сите играчи се херои, но Лукас Мура е супер херој“, рече Покетино по мечот.

https://twitter.com/btsportfootball/status/1126237802902036480

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести