Маурисио Покетино е избран за најдобар стратег за 2018 година на лондонските фудбалски награди, а стратегот на Тотенхем искористи одлична прилика да се пошегува на своја сметка. Аргентинецот веќе петта сезона е на клупата на „петлите“, досега не успеал да му озбезбеди на екипата да освои трофеј, иако во изминативе години Тотенхем редовно е при врвот во Премиер лигата.
При примањето на наградата, Покетино ги изнасмеа присутните на церемонијата: „Како што некои луѓе се шегуваат на моја сметка, морам да потенцирам и јас – Конечно освоив трофеј!“, се пошегува Аргентинецот.
Уште еден член на Тотенхем доби награда на оваа церемонија, Сон Хјон Мин беше избран за најдобар фудбалер.
https://twitter.com/Spurs_fl/status/1101237444480036865?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101237444480036865&ref_url=https%3A%2F%2Fbleacherreport.com%2Farticles%2F2822989-heung-min-son-mauricio-pochettino-win-honours-at-london-football-awards
Тотенхем утре го очекува градско дерби на „Вембли“, во 13:30 часот го пречекуваат ривалот Арсенал, во рамките од 28-то коло во Премиер лигата.