Тотенхем со сите сили ќе се обиде да го врати Маурисио Покетино на клупата, само 18 месеци откако му беше врачен отказот на Аргентинецот.
Наводно, Даниел Леви, првиот оперативец на лондонскиот клуб, призна дека најголема грешка му била што го разрешил Покетино од тренерската позиција и наводно е подготвен да избори негов камбек на кормилото.
Но, според она што го објавија англиските медиуми, раководството на ПСЖ нема да дозволи такво нешто, бидејќи со Покетино почнаа нов проект и дури следната сезона екстренерот на Тотенхем ќе ги води Светците во една целосна сезона.
Покетино во јануари годинава ја наследи клупата на ПСЖ од Томас Тухел, меѓутоа потфрли да го одведе тимот до самата завршница во Лигата на шампионите, а воедно гигантот од Париз остана без титулата во Лига 1, која му беше препуштена на Лил.