Покетино со Нејмар ќе напаѓа прв трофеј во ПСЖ

Нејмар јуниор му се стави на располагање на Маурисио Покетино за клучниот дуел против Марсеј во Суперкупот на Франција.

Средбата закажана во среда навечер ќе биде прва прилика за Аргентинецот да се закити со одличје во краток период откако ја презеде клупата, а ќе се обиде да го стори тоа со помош на првата ѕвезда на Светците.

Покрај Нејмар, во тимот се враќаат уште Паредес, Данило и Кимпембе, па така ПСЖ речиси комплетен ќе атакува на победа против лутиот ривал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести