Откако во 2021-вата година ја освои Лигата на шампионите, екипата на Челзи е непрепознатлива и далеку од тоа ниво. Една од причините е и заминувањето на Роман Абрамович, но и новиот сопственик, Тод Бојли, вложи милијарди евра, но сепак резултатите ги нема.
Се погласни се шпекулациите дека играчите не се задоволни од тренерот Маурисио Покетино, а тој на официјалната прес-конференција пред натпреварот со Њукасл им испрати јасна порака.
– „Ќе мора да ги прашате фудбалерите. Ако не ме сакаат и мислат дека некој друг тренер може да биде подобар, јас сум првиот што ќе им рече дека може да разговараат со газдата или со спортскиот директор. Фудбалерите прават се за да победат. Не е праведно да се споредуваат различни периоди на клубот. Околностите сега се сменети за разлика од минатото.“ – рече Покетино.
Челзи вечерва на домашен терен го пречекува составот на Њукасл во меч од Премиер лигата. Клубот од „Стемфорд бриџ“ влегува како фаворит со квота за победа од 1.90.