Дури седум играчи планира да продаде ПСЖ во јануарскиот преоден рок, како би се ослободило место за нови ѕвезди.
Маурицио Покетино им ја соопштил листата на спортскиот директор Леонардо и газдата Насер Ал Келаифи а на нејзе се наоѓаат: Мауро Икарди, Лејвин Курзава, Серхио Рико, Рафиња, Абдулу Дијало, Колин Дагба и Ерик Јуниор Дина Ембиме.
Парижаните се надеваат дека од Икарди ќе успеат да заработат 50 милиони евра, но, поради слабата форма а воедно и целата сапуница со Ванда Нара, прашање кој го посакува.
Рафиња, пак, е константно повреден, додека за Серхио Рико нема место покрај Донарума и Кејлер Навас.
Останува да се види кој од овие фудбалери посакува да го напушти ПСЖ кој ги плаќа навистина убаво и тешко дека некој друг клуб ќе им ги исполни финансиските барања.