Покетино за скапо платената ѕвезда на Челзи: „Треба уште многу да работи за да почне да тренира со првата екипа“

Ромео Лавија минатата седмица за 57 милиони евра пристигна во Челзи од членот на Чемпионшип дивизијата, Саутхемптон. Од него се очекува многу, но Лавија не беше во составот за натпреварот против Вест хем, а и воопшто не тренира со останатите играчи.

„Лавија не е подготвен. Потребни му се неколку седмици за да може да биде присутен и да тренира со првата екипа. Работи многу напорно за да може што побрзо да им се приклучи на своите нови соиграчи“, изјави тренерот на Челзи, Маурисио Покетино.

Репрезентативецот на Белгија се очекуваше да биде ѕвезда на Манчестер сити, но таму успеа да запише само два настапи за сениорската екипа, па направи трансфер за 11 милиони евра во Саутхемптон, пред да биде купен од Челзи ова лето.

- Оглас -

Најнови вести