Покрај Азар, уште една голема ѕвезда на Реал нема да игра против Барселона

Како да немаат крај лошите вести за Реал Мадрид. Откако стана јасно дека Еден Азар нема да биде подоготвен за дуелот против Барселона на 18 декември, се поизвесно е дека и дефанзивецот Марсело нема да биде во составот на гостите на „Камп ноу“.

Бразилскиот дефанзивец има болки во мускулот на ногата и се очекува да мирува во следните 2-3 недели. Тоа значи дека само теорија е можноста Марсело да се појави на Ел Класико кое ќе се игра за помалку од две недели. За Марсело ова е четврта повреда сезонава и вкупно пропушти шест средби.

На местото на Марсело се очекува да игра Ферлан Менди.

 

- Оглас -

Најнови вести