Покрај допинг скандалот, Јаник Синер ќе игра во финалето на САД Опен

Најдобриот тенисер во светот според АТП листата, Јаник Синер, втора година по ред ќе игра во финалето на САД Опен. Италијанскиот тенисер во полуфиналето, потешко од очекувањата, но сепак со максимални 3:0 го победи Џек Дрепер и тоа со 7:5, 7:6 и 6:2 по сетови.

Непосредно пред стартот на САД опен, Синер се најде во центарот на скандалот дека бил допингован пред неколку месеци. Италијанецот два пати паднал на допинг тестот, но сепак не доби суспензија, откако имаше уверливо објаснување дека тој не е виновен за тоа што му се случило.

Во финалето, Синер ќе игра против Тејлор Фриц од САД, кој по голема борба со 3:2 во сетови беше подобар од сонародникот Франсис Тиафо. Фриц беше фаворит пред мечот, но Тиафо водеше со 1:0 и 2:1 во сетови за да на крајот Фриц се радуваше и тоа со 4:6, 7:5, 4:6, 6:4, 6:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести