Покрај дуелите во ЛШ, интересни мечеви има и во Англија и во Германија

6003 Барселона – Борусија Дортмунд (21 ч.)

Овие два тима играа сезонава во ЛШ, и тоа во групната фаза, кога Барселона во Дортмунд ја победи Борусија со 3:2. На овој меч од шестото коло во групната фаза сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а Барселона имаше доминација.

Борусија е во лоша форма, посебно во првенството, каде што Милионерите се на осмото место на табелата и можно е воопшто да не обезбедат место во ЛШ за следната сезона. Ова се две екипи коишто негуваат офанзивен фудбал и затоа се очекува и сега да има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

6004 ПСЖ – Астон вила (21 ч.)

Нема дилема дека францускиот првак е голем фаворит за победа на овој меч. Ретко кој очекуваше дека Астон вила може да стигне до четвртфинале на ЛШ, но тимот од Бирмингам со среќна ждрепка и добра игра, сега е дел од осумте најдобри.

ПСЖ во последните 27 меча има 25 победи, едно реми и само еден пораз, но не треба да се заборави дека и Астон вила има девет победи во последните 10 меча што ги одигра, што само потврдува дека се работи за одличен тим.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

 

1021 Свонси – Плимут (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои се борат за опстанок во Чемпионшип. Свонси е на 15-тото место со 48 бода, а Плимут е последен со 37 бода, но уште има шанси да се спаси од испаѓање.

Плимут прими дури 78 гола во 40 меча, што е речиси два гола по меч, но и Свонси има несигурна одбрана. Сепак, овојпат домашниот терен треба да има големо значење и Свонси мора да победи против еден ваков ривал ако сака биде многу помирен во финишот на првенството.

Предлог тип: 1-1 (2.60)

 

1022 Ковентри – Портсмут (21 ч.)

Ковентри влезе во лош ритам и има три порази во последните четири кола. И со ваква лоша низа, Ковентри е со шанси да се бори за позиција која води во плејофот. Портсмут е на 17-тото место со 45 бода, само четири повеќе од екипите кои се во опасната зона, но не треба да се заборави дека есеноска Помпеите убедливо со 4:1 го победија денешниот ривал.

Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.00)

 

1829 Енерџи Котбус – Есен (19 ч.)

Енерџи Котбус е трет на табелата во трета германска лига и тимот се бори за промоција во ранг погоре. Од друга страна, главна цел на Есен ќе биде обезбедување опстанок.

Тимот од Котбус на свој терен сезонава имаат девет победи, четири ремија и само два пораза, додека Есен има дури девет порази во 15 средби на гостински терен сезонава.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.95)

 

- Оглас -

Најнови вести