Арсенал загуби, но Артета е оптимист: Можеме да победиме во Париз и да играме во финалето

Арсенал со 0:1 загуби на свој терен во Лондон од Пари Сен Жермен во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите, но тренерот на Топчиите, Микел Артета, е уверен дека неговиот тим може да игра во големото финале.

Уште во четвртата минута Дембеле постигна гол на синоќешниот меч во Лондон и му донесе водство на ПСЖ, а на крајот се покажа дека тоа е и клучен момент на средбата. Сега Арсенал мора да брка победа на реваншот во Париз, а Артета е убеден дека ќе успее во тоа.

„Ова е само едно полувреме. Тоа го кажав и кога го победивме Реал Мадрид со 3:0 дома. Разочаран сум од резултатот затоа што мислам дека заслуживме многу повеќе од тоа што го добивме на крајот. Многу рано примивме гол. Потоа игравме сè подобро и подобро. Се работи за нијанси. Сантиметри решаваат за тоа дали е гол или не. Ако сакате да сте дел од финале на Лигата на шампионите, мора да направите нешто специјално. Уште имаме големи шанси да играме во финалето. Ќе одиме во Париз да направиме нешто посебно“, оптимистички најави Артета по поразот на Арсенал на своој терен со 0:1.

- Оглас -

Најнови вести