Покрај шоуто на ЕП, ќе биде возбудливо и во Бразил и Чиле

6779 Словенија – Србија (15 ч.)

Словенија покажа дека е незгоден ривал откако одигра 1:1 против Данска и оваа селекција останува со само еден пораз во последните 13 средби. Одбраната е најголемиот адут на Словенија, а кај Србија баш нападот треба да покаже дека е на ниво за едно елитно натпреварување.

Србите треба да бркаат победа за да не останат последни во оваа група и по две одиграни кола. Сепак, статистиката вели дека Србија има само четири победи во последните 12 дуели кои ги одигра.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.22)

 

6780 Данска – Англија (18 ч.)

Двете селекции не беа убедливи на стартот, но освојија бодови. Данска само еден, а Англија со само еден постигнат погодок стигна до три бода. Многу веројатно е дека евентуалниот победник на овој дуел ќе биде и прв на крајот од групата.

Данска има само еден пораз во последните 13 дуели што ги одигра, а и ако се погледнат четирите меѓусебни пресметки со Гордиот Албион, билансот е две реми и по еден триумф на двете селекции. Во сите тие четири дуели на овие селекции немало повеќе од два погодоци, но сега влогот е многу поголем и може да се игра многу поотворено.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.90)

 

6781 Шпанија – Италија (21 ч.)

Дербито на денот на светските фудбалски гиганти. По ремито на Хрватска и Албанија, сега и Шпанија и Италија може да калкулираат со нерешено, но тешко дека тоа може да се очекува од Црвената фурија.

На четири од последните пет меѓусебни дуели двата тима постигнувале барем по еден погодок и таа традиција тука може да продолжи.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.79)

 

4249 Виторија – Атлетико МГ (23:30 ч.)

Меч од 10 коло на бразилското првенство, на кој домаќинот Виторија е во очајна состојба и е на последното место на табелата со само шест бодови. Сепак, факт е дека на последните три дуели Виторија има побед аи две реми, што значи дека формата оди во нагорна линија.

Атлетико МГ има само еден пораз во осум натпревари и најчесто игра неатрактивно и без многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.96)

 

4301 Нубленсе – Хуачипато (21 ч.)

Во полн ек е првенството на Чиле, а таму со по 16 освоени бода од 14 меча се двата денешни ривали. Освен ист број бодови, имаат и ист биланс од четири победи, четири реми и шест порази.

Домашниот терен треба да е адут за Нубленсе, но секако дека и гостите не се без шанси.

Предлог тип: 1Х&1-3 (2.09)

 

- Оглас -

Најнови вести