Покрај шоуто на ЕП, тука се и клупски дуели од три различни континенти

6051 Швајцарија – Италија (18 ч.)

Во последните 17 меча кои Швајцарија ги одигра има седум победи, дури девет нерешени и само еден пораз, што доволно зборува за цврстината на оваа селекција. Италија на шест од последните осум дуели кои ги одигра беа со максимум два погодоци, а на останатите два имаше три погодоци, што само е најава за неизвесен дуел.

На последните 10 меѓусебни дуели, дури осум биле од 0-2 гола, а дури шест завршиле нерешено. Во овој период Италија се радувала три пати, а Швајцарија само еднаш.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.95)

 

6905 Германија – Данска (21 ч.)

Под огромен притисок е Германија, домаќинот на ЕП. Панцерите фуриозно стартуваа со победа од 5:1, потоа ја победија и Унгарија, за дана крајот едвај се спасија од пораз против Швајцарија.

Данска е во фантастичен ритам и има само еден пораз во последните 15 кола, а и кога ќе се виде ритамот на четирите последни меѓусебни дуели против Германија, факт е дека сите четири меча биле со комбинација гол-гол, а три средби завршиле нерешено.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

5629 Замалек – Керамика Клеопатра (18 ч.)

Замалек го загуби дербито од Ал Ахли и сега едноставно мора да брка три бода против Керамика Клеопатра. Во изминативе три години овие два клуба имаат одиграно дури осум средби и во сите осум победува Замалек.

Домаќините се уверени дека позитивната низа со овој ривал ќе им продолжи и полека Замалек ќе напредува кон врвот на табелата во првенството на Египет.

Предлог тип: 1 (2.04)

 

2704 Лахти – Илвес (18 ч.)

Лахти има очајна сезона во првенството на Финска и во 12 меча има само една победа, па е на претпоследното место на табелата. Ливес со победа може да се искачи на врвот на табелата, што е предизвик повеќе да играат на три бода.

На три од последните четири меѓусебни дуели имагол ГГ4+ комбинација. И сега може да се очекуваат погодоци, а гостите се многу поблиску до триумф.

Предлог тип: ГГ3+ (2.23)

 

4901 Васко де Гама – Ботафого РЈ (22:30 ч.)

Во сосема различно расположение двата тима го чекаат овој дуел. Васко де Гама е со само 10 бода од 12 меча, а Ботафого со победа може да избие и на првото место на табелата во бразилското првенство.

На осум од последните девет меѓусебни дуели, комбинацјата било еден од двата тима да не постигне гол, односно НГ.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.12)

 

- Оглас -

Најнови вести