26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Покрената истрага против Роналдо за некултурните гестови кон фановите (Видео)

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија покрена истрага за непристојните гестови кои напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ги направи кон навивачите на Ал-Шабаб.

Ал-Наср го совлада Ал-Шабаб со 3-2, а откако навивачите на Ал Шабаб скандираа: „Меси, Меси!“, Роналдо им одговори неколку пати со непристојни и провокативни гестикулации.

Одлуката дали Роналдо ќе добие казна, ќе биде донесена во следните два дена. Португалецот е најдобар стрелец во првенството, но Саудијците сметаат дека и за најголемите ѕвезди мора да има некакви граници до каде може да одат.

Погледнете како Роналдо се одмаздуваше за провокациите кои ги трпеше од навивачите:

- Оглас -

Најнови вести