Пол Џорџ на јахта во Грција, слуша песни од Цеца (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, крилото Пол Џорџ, е на одмор во Грција, на островот Миконос, заедно со жената со која има две деца и се вика Даниела Рајиќ. Даниела е поранешна стриптизета, а поради физичкиот изглед, ја нарекуваат српската Ким Кардашјан.

Инаку, нивната врска е турбулентна и трае од 2013 година. Кошаркарот не сакаше да признае дека ќерката која ја роди Рајиќ во 2014 година е негова, но ДНК-тестот покажа дека сепак е негово дете, а од 2017 година, кога им се роди второто дете, тие ги испеглаа односите.

Даниела на „Инстаграм“ објави еден клип како таа и Џорџ скокаат во морето, а во заднина се слуша песна од популарната српска пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Очигледно дека Даниела го води главниот збор и таа одбира каква музика ќе се слуша.

- Оглас -

Најнови вести