11.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Пол Џорџ во Клиперс за тренер ќе го има таткото на девојката која со години ја изневеруваше

Пол Џорџ пред неколку години за малку ќе станеше зет на тренерот Док Риверс. НБА ѕвездата се забавуваше со ќерката на тренерот, Кајли. Сепак врската се распадна поради неверството на Џорџ. Кошаркарот додека беше во врска со Кајли, парарелно бил во врска и со српската старлета Даниела Рајиќ.

Во 2014 година, Рајиќ забременила, а Џорџ наводно нудел и милион долари, само да го абортира детето. Сепак, Даниела решила да го задржи детето, а откако било утврдено дека Џорџ навистина е таткото, кошаркарот реши да остане со Рајиќ и неговиот син.

Во меѓувреме, ќерката на Док Риверс се заљуби во Сет Кари, со кој е во врска веќе неколку години и сега му е вереница.

Сега, неколку години по таа љубовна сапуница, Џорџ ќе игра во Лос Анџелес клиперс, тимот каде тренер е токму Риверс, таткото на девојката која ја изневери.

 

- Оглас -

Најнови вести