Пол го победи Тајсон, но призна: Мајк е боксерска икона, тој е најдобриот на сите времиња

Популарниот јутјубер Џејк Пол веќе неколку години е дел и од светската бокс сцена, а утрово стигна до највредната победа во својата спортска кариера откако беше подобар од легендарниот Мајкл Тајсон. Пол е 31 година помлад од Тајсон и тоа го искористи, па доминираше во рингот, но по осум рунди не успеа да го „скрши“ легендарниот Тајсон. На крајот, Пол победи со едногласна одлука на судиите.

Иако победи, Пол веднаш по мечот упати еден куп пофални зборови за Челичниот Мајк, нарекувајќи го дека е најдобар на сите времиња.

„Прво, чест ми е да бидат покрај Мајк Тајсон. Тој е легенда. Тој е најдобриот, најдобриот на сите времиња, тој е ГОАТ. Да не беше тој, немаше никој од нас да биде тука сега. Овој човек е икона и едноставно ми беше чест да боксувам против него. Очигледно дека тој е најопасниот боксер на планетата. Ова беше тешка борба, баш како што очекував да биде“, рече Пол веднаш по мечот.

За победата, Пол ќе заработи 40 милиони долари, а на Тајсон ќе му припаднат двојно помалку.

За тој дека Пол навистина го цени и почитува Тајсон, покажа со потегот на неколку секунди пред крајот на последната рунда, кога буквално застана и се поклони пред легендарниот Мајк Тајсон.

 

- Оглас -

Најнови вести