21.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Пол Погба добил шокантна понуда од Манчестер сити

Раководните луѓе на Манчестер сити се поврзале со опкружувањето на Пол Погба за да ја проучат ситуацијата околу играчот, неговото физичко здравје и можноста да се приклучи на клубот во наредните недели, откриваат медиумите на Островот.

Англискиот шампион брза да ја засили средината на теренот поради сериозната повреда на Родри уште на почетокот на сезоната, што значително влијаеше на лошата форма и резултати на Граѓаните.

Тимот на Пеп Гвардиола запиша седум порази во последните десет натпревари, што е невообичаено за време на неговиот престој на „Етихад“. Оваа ситуација најверојатно ќе го натера раководството на Манчестер сити да понуди големи финансиски ресурси во јануарскиот трансферен прозорец и да се засили со најмалку еден играч во средината на теренот.

Другите споменувани имиња се Бруно Гимараеш од Њукасл и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, но за нив ќе треба да се плати и солидна отштета.

- Оглас -

Најнови вести