Пол Погба е нов играч на Јувентус

Францускиот репрезентативец Пол Погба во новата сезона ќе го носи дресот на Јувентус. Ова ќе биде враќање на Погба во Торино, клубот каде што играше од 2012 до 2016 година, кога беше продаден за 105 милиони евра во Манчестер јунајтед.

Како играч на Јувентус одигра 178 меча и постигна 34 гола, а освои четири титули во италијанската Серија А.

Според договорот, Погба во Јувентус ќе добива годишна плата од 10 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести