Пол Погба во 2023 година падна на допинг-тестот и беше суспендиран на четири години, казна која потоа му беше намалена на 18 месеци. Сега е слободен фудбалер и може повторно да игра, па неговата менаџерска екипа е во потрага по клуб за Французинот.
Според светските медиуми, во напредна фаза се преговорите со Интер Мајами, клубот за којшто настапува Лионел Меси во МЛС-лигата, а токму Аргентинецот е една од причините за Погба да ја избере екипата од САД.
Неговиот менаџер вели дека Французинот има голема желба да игра во иста екипа со Меси, а ова е одлична шанса за него, но и големо засилување во остварувањето на амбициите на клубот.
Пол Погба во својата кариера настапуваше за Манчестер јунајтед и Јувентус, а за репрезентацијата на Франција одигра 91 натпревар со ефект од 11 гола.