14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Пол Погба ќе потпише за бразилски клуб?

Францускиот играч за врска, Пол Погба, би можел да ја продолжи кариерата во бразилски Коринтијанс. Интерес за Погба има и од Марсеј, но наводно попримамлива му е понудата од Бразил.

Бразилскиот клуб работи на потписот на 31-годишниот Французин, кој моментно е слободен играч откако раскина со Јувентус по паузата која ја имаше поради допинг.

Двете страни водат активен преговарачки процес и на Погба му се допаѓа да игра за Црно-белите од Сао Пауло. Во Коринтијанс игра Холанѓанецот Мемфис Депај кој му беше тимски колега на Погба во Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести