14.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Пол Погба одигра меч по 26 месеци, но Монако доживеа убедлив пораз од Рен

Одлична игра прикажа Рен во 13-то коло од француското првенство. На домашен терен рутински го победи Монако со убедливи 4-1.

Првиот погодок дојде во 20-тата минута. Акцијата започна од голманот на Рен, продолжи преку десната страна каде беше Камара, кој центрираше и го погоди Будијал за водство од 1-0. Фудбалерите на Рен имаа неверојатно многу простор, вклучително и стрелецот на голот.

Во 48-та минута Рен дојде до 2-0. Одличен шут од околу 30 метри, голманот Храдецки успеа само да ја одбрани топката која падна на главата на Камара, а тој рутински зголеми на 2-0.

Црвениот картон на Закарија во 66-та минута дополнително ја олесни работата за Рен, кој до крајот постигна уште два гола. Првиот преку Емболо во 73-та минута, а вториот преку Блас од пенал десет минути подоцна.

Важен момент беше враќањето на Пол Погба на теренот во 85-та минута, кога влезе наместо Кулибали, по 26 месеци отсуство од официјални натпревари. Тој доби громогласен аплауз од навивачите на Рен.

Монако успеа само да го ублажи поразот со голот на Бирет во петтата минута од судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести