Пол Погба потпиша за Монако

Францускиот прволигаш Монако официјално го потврди ангажманот на Пол Погба, кој пристигнува како слободен играч. Поранешниот играч на Манчестер jунајтед и Јувентус потпиша двегодишен договор со клубот од Кнежевството, со важност до 30 јуни 2027 година.

Погба, светски шампион со Франција од 2018 година, се обидува да ја рестартира својата кариера по суспензијата поради допинг. Откако беше позитивен на забранетата супстанца „дехидроепиандростерон“, првично доби четиригодишна казна, но таа подоцна беше намалена на 18 месеци.


Јувентус го раскина неговиот договор во ноември 2024 година.

„Монако со задоволство го објавува доаѓањето на Пол Погба. Светскиот шампион со Франција потпиша договор на две години и ќе биде дел од клубот до јуни 2027“, се вели во соопштението на клубот.

Монако минатата сезона заврши на третото место во Лига 1, зад Марсеј и шампионот Пари Сен Жермен, и ќе настапува во Лигата на шампионите во сезоната 2025/26.

- Оглас -

Најнови вести