Францускиот фудбалер Пол Погба имал поголемо ниво на стероидот тестостерон во крвта од дозволеното на допинг-тестот кој му бил направен по мечот на Јувентус против Удинезе од италијанската Серија А, игран на 20 август.
Погба не играше на тој меч кој неговиот Јуве го доби со 3-0, но по случаен избор и тој се најде меѓу играчите кои беа тестирани и резултатите покажале дека е позитивен на допинг. Нивото на тестостерон кај мажите вообичаено паѓа по 30-тата година и ќе треба да се види како дошло до зголеменото ниво.
Сега треба да му биде направен уште еден тест, а ако и тој тест биде позитивен, неизбежно ќе следува суспензија од две до четири години. Максималната казна од четири години може да ја добие ако се докаже дека намерно земал забранети средства.