Пол Погба се враќа на големата сцена, ќе игра дури и во Лигата на шампионите?!

Пол Погба веќе неколку месеци е без клуб откако му истече суспензијата по позитивниот допинг-тест. Поранешниот француски репрезентативец долго беше во потрага по нов клуб, но се чини дека сега се враќа на големата сцена.

Триесет и двегодишниот фудбалер од средниот ред се понудил на Монако, а според француските медиуми, веќе е постигнат договорот и раководството на екипата одлучило да му даде шанса. Погба се очекува со Монако да потпише договор на една сезона, со можност да биде продолжен доколку и двете страни бидат задоволни.

Тоа би значело дека Погба не само што ќе му се врати на фудбалот, туку следната сезона ќе игра и во Лигата на шампионите, со оглед на фактот дека Монако заврши на третата позиција во Лига 1 и има директно место во групната фаза на елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести