Пол Погба викендов ќе дебитира за Монако

Светскиот шампион со Франција од 2018 година, Пол Погба, викендов ќе дебитира за Монако во Лига 1, објави „Л’Екип“.

Фудбалерот од средниот ред не одиграл официјален првенствен натпревар од 3 септември 2023 година, кога влезе од клупата за Јувентус против Емполи. Еден месец подоцна доби четиригодишна суспензија поради позитивен допинг-тест, која подоцна беше намалена на 18 месеци.

Пред една година неговиот договор со Старата дама беше раскинат, а летово потпиша двегодишен договор со францускиот Монако.

По паузата поради повреда на глуждот, се очекува Погба да дебитира на дуелот против Рен во сабота.

Монако е шестопласиран во француското првенство со 20 бода, седум помалку од лидерот Пари Сен Жермен. Тимот игра и во Лигата на шампионите, каде што по четири одиграни натпревари е на 19-тото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести