38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Пол Погба за Рашфорд: „Манчестер јунајтед загуби голем играч“

Маркус Рашфорд следната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во Барселона откако Рубен Аморим одлучи дека не му е потребен во Манчестер јунајтед. Англичанецот минатата полусезона беше позајмен во Астон вила, а летово иако имаше и други понуди, неговата одлука беше дека само Барселона е опција за продолжување на кариерата.

Неговиот поранешен соиграч, Пол Погба, го коментираше овој трансфер, а заклучокот е дека Јунајтед губи со оваа зделка, а Барселона добива.

„Ова е лудост, но среќен сум за него. Манчестер јунајтед губи голем играч. Немаа среќа. Барселона добива со ова, искрено. Нема да зборувам за Јунајтед – тие донесоа нови играчи, а новиот тренер сака да ги прави работите на свој начин. Не е негова вина. Тој мора да победува, ако не победува, ќе го отпуштат“, рече Погба.

- Оглас -

Најнови вести