Ландо Норис од Мекларен убедливо победи на квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Австрија од Формула 1 шампионатот.
За Норис ова е трета пол-позиција сезонава. Повеќе од него има само тимскиот колега Оскар Пјастри со четири. Норис имаше за половина секунда подобро време од втриот Шарл Леклер од Ферари кој успеа да ги раздели двата Мекларени.
Макс Ферстапен ќе стартува дури од седмата позиција.
Во квалификациите се случи и едно пријатно изненадување, за првпат меѓу десетте најдобри се најде Бразилецот Габриел Бортолето кој вози за Заубер.