Макс Ферстапен од Ред Бул имаше најдобро време на квалификациите на Сузука, и утре наутро треба да стартува од пол-позицијата на Формула 1 трката за Големата награда на Јапонија.
Сепак, ќе треба да се почека, бидејќи е најавено разгледување на инцидентот кога за малку ќе се судреа Ферстапен и Ландо Норис. За да избегне судар со шампионот, Норис мораше да излезе од патеката и загуби драгоцено време. Потоа Макс крена рака и му се извини на пилотот на Мекларен.
Второто и третото место ги освоија пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс, кои имаа минимални заостанувања зад Холанѓанецот (Леклер задоцни само 0.010 секунди), а четврти ќе стартува Серхио Перез од Ред Бул.