Листата на поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед од времето на менаџерот Алекс Фергусон кои подоцна станале тренери, се искачи на 31. Пол Сколс, кој го презеде кормилото во Олдам сити, е 31-виот некогашен „црвен ѓавол“ кој почна да ја работи тренерската работа. Од 2011 до 2014 година Сколс ги тренираше резервите во Јунајтед.
Според англиските медиуми, листата на 10-те најдобри тренери, а биле играчи на Јунајтед кога на клупата седеше славниот Сер Алекс, изгледа вака: Хенинг Берг (10-то место), Марк Робинс (9), Хенрик Ларсон (8), Брајан Робсон (7), Дарен Фергусон (6), Оле Гунар Солскјер (5), Гордон Страхан (4), Стив Брус (3), Марк Хјуз (2), а најдобар е Лоран Блан.
Францускиот ас ги тренираше Бордо и ПСЖ, а беше и селектор на Франција. Освои три титули во Франција, од кои една со Бордо.