Пол Сколс стана тренер во тимот за кој навивал како дете

Пол Сколс ќе биде новиот менаџер на тимот Олдам Атлетик, пренесуваат англиските медиуми. Некогашниот англиски репрезентативец и член на легендарната генерација на Манчестер јунајтед е уште еден од низата фудбалери тренирани од Сер Алекс Фергусон, кој сега станува тренер.

Олдам Атлетик е клуб кој доаѓа од местото во кое израснал Сколс како дете. Се работи за клуб со 124-годишна традиција, а моментно се натпреварува во Лига два (четврта лига во Англија). Сколс како дете често знаел да оди на мечевите на Олдам, а сега токму во тој клуб што го следел во минатото, започнува тренерска кариера.

Откако во 2013 година се пензионираше, единствената професионална ангажираност во фудбалот беа четирите меча кога Рајан Гигс беше тренер на Манчестер јунајтед, а Сколс беше во стручниот штаб. Олдам моментно е на 15 место во Лига два и е сигурен, бидејќи од лигата испаѓаат само тимовите кои се на последното и претпоследното место на табелата (23 и 24 позиција).

 

- Оглас -

Најнови вести