Шведскиот репрезентативец, Александер Исак, со своите игри за Њукасл го привлече вниманието на половина Европа. Тој на 16 натпревари постигна 11 гола, а тоа беше знак за Челзи и Арсенал, но и за ПСЖ да тргнат по неговиот потпис.
Сепак, Њукасл нема намера така лесно да се откаже од неговите услуги, па сумата која ја посакуваат е неверојатни 180 милиони евра, едно од најголемите во историјата на фудбалот. Во моментов тешко дека некоја екипа може да го плати ова обесштетување, кое би било многу блиску до рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Помеѓу заинтересираните екипи се споменуваат и Реал Мадрид и Барселона, но политиката на „кралевите“ последните неколку сезони е да не плаќа вртоглави суми за обесштетување, а „каталонците“ со финансиската криза во која се наоѓаат се уште подалеку од потписот на Исак.