По одлуката на Лионел Меси да потпише за Интер Мајами и да се пресели во МЛС-лигата, уште неколку фудбалери кои играат заедно со Аргентинецот во Барселона, го направија или планираат да го направат истото.
Серхио Бускетс исто така потпиша за тимој чиј косопственик е Дејвид Бекам, Жорди Алба е во завршни преговори за и тој да се пресели на Флорида, а денеска уште едно име се поврзува со Интер Мајами.
Тоа е Уругваецот, Луис Суарес, кој исто така преговара со Интер Мајами и сака повторно да игра заедно со Меси.
Суарес и Меси се одлични пријатели и двајцата често со семејствата, одморите ги поминуваат заедно.