1.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Полека почнуваат да се наѕираат некои од фаворитите на играчите на Спортската прогноза

Сериозен предизвик се паровите од новото 17-то коло сезонава од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а и првичните проценти на оние кои веќе прогнозирале,го потврдуваат тоа.

Јасно е дека Ливерпул е фаворит против Њукасл за огромно мнозинство играчи и тука процентите можеби ќе се сменат до сабота попладне, до коа трае типувањето, но сигурно е дека ќе има многу поголем број прогнозери кои ќе типуваат на победа на Црвените отколку на реми или победа на гостите.

И за баскиската пресметка помеѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, од оние што типувале, многу поголема (над 70 отсто) е довербата во домашниот тим.

Има парови кај кои поделеноста е поголема и тоа е она што ова коло го прави предизвикувачко, па ако имате голем број погодоци, задоволството ќе биде поголемо. Првиот меч во понудата е Овиедо – Жирона, кој се игра в сабота од 14 часот и тоа е крајниот термин до кој може да се вклучите со прогнози.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести