Политичар исфрлен од кошаркарски меч, откако сакал да му ги соблече пантолоните на судијата (Видео)

Џереми Фајсон е политичар од Тенеси, кој се најде во центарот на вниманието на еден кошаркарски средношколски меч, поради неговиот испад. Републиканскиот политичар бил на трибините и го следел мечот на кој играл и неговиот син, а во еден момент не можеше да се воздржи и направи инцидент.

Лут на судиите, Фајсон влезе во теренот и почна да се расправа со арбитрите. Тие му покажаа дека мора да го напушти теренот, а политичарот во еден момент се обиде да му ги соблече пантолоните на судијата. Фајсон бил исфрлен од салата, а за негова среќа немало полиција за да го уапси. Подоцна тој се извини за испадот.

„Со години велев дека е многу лошо родител да ги загуби нервите на спортски натпревар. Тоа не е христијански, не е зрело однесување и срамота е за детето што го гледа тоа. За жал, вечерва се однесував како будала и ги загубив нервите поради судиите. Сакав да се тепам со нив. Целосно се изгубив и затоа сум исфрлен од салата“, објасни Фајсон.

- Оглас -

Најнови вести