Дрон со знамето на областа Нагорно Карабах слета на стадионот „Жози Бартел“ во Луксембург и предизвика прекин на мечот од Лигата на Европа меѓу Дуделанж и Карабах.
Азербејџанците се осетливи на проблемот околу областа Нагорно Карабах, каде што се води и војна за територијата со Ерменија, па ова го сфатија како голема провокација.
Мечот по прекинот продолжи, а Карабах има убедливи 3:0 по првото полувреме на гости кај Дуделанж.