Политички проблем за косовскиот играч на Динамо, Moлдавија не му одобрува виза

Хрватскиот шампион Динамо Загреб се соочува со политички проблем околу својот фудбалер Лирим Кастрати, кој не може да добие виза за гостувањето кај Шериф во Тираспол за првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите.

Молдавија не го признава Косово како самостојна држава и поради тоа одбива да му одобри влез во земјата на крилото на косовската репрезентација. Таборот на Модрите веќе реагираше и побара помош од УЕФА, која строго забранува политичко вмешување во фудбалот и можно е да следува казна.

Како што стојат работите, Кастрати засега не е во план да биде меѓу играчите кои ќе конкурираат за настап во важниот натпревар на Динамо кој е закажан за 17 август во 19 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести