Светската анти-допинг агенција, ВАДА, донесе одлука спортска Русија да биде суспендирана во следните четири години. Ова значи дека руското знаме и химна нема да бидат дозволени на настани како Летни олимписки игри 2020 во Токио или Светското рвенство во фудбал во Катар во 2022 година. Руски спортисти ќе можат да учествуваат под неутрално знаме, но само доколку докажат дека се чисти од допинг.
Русите имаат можност да поднесат жалба на одлуката во следните 21 ден. Инаку, Русија е под суспензија од 2015 година, но 168 руски спортисти настапија под неутрално знаме на последните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.
Казната доаѓа поради манипулација на Руската анти-допинг агенција со лабораториски резултати кои им беа предадени на истражителите во јануари 2019.
Русија ќе може да настапува со своето знаме и химна на Европското првенство 2020 каде домаќин е и Санкт Петербург бидејќи овој шампионат кој го организира УЕФА не се смета за голем спортски настан во правилникот на ВАДА.