-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Полицаец од Гибралтар постави рекорд во европскиот фудбал

Напаѓачот на гибралтарскиот клуб Линколн Ред Импс, Ли Кашаро, постави рекорд, станувајќи најстариот фудбалер што некогаш играл во натпреварувањата на УЕФА, на возраст од 44 години и 81 ден.

Рекордот, официјално потврден од УЕФА, беше поставен синоќа во последното коло од групната фаза на Конференциската лига на мечот со Легија Варшава.

Кашаро е роден на 29-ти септември 1981 година, а тој е најстариот играч што настапил и во историјата на Лигата на нации, играјќи за Гибралтар на возраст од 43 години и 14 дена во натпреварот против Лихтенштајн во октомври 2024 година. 

Тој игра за клубот Линколн уште од 1998 година, нема сменето клупска средина. 

Кашаро не заработува за живот од фудбал. Тој 22 години работи како полицаец, извршува должности поврзани со воената и пристанишната безбедност, се грижи за бродови и воени објекти.

- Оглас -

Најнови вести