Полицаец пукаше во олимпиец затоа што не почитувал полициски час (Видео)

Олимпиецот Рафаел Вилјавиченко од Костарика за малку со живот ќе платеше за тоа што не го почитуваше полицискиот час во земјата. И Костарика, како и сите останати земји во светот, се бори со пандемијата од Коронавирусот.

Рафаел, кој е сурфер, заедно со својот пријател Ное Мар Мекгонагл не можеа да одолеат на големите бранови и решиле да излезат да тренираат, иако тоа било за време на полицискиот час во земјата.

Во еден момент двајца полицајци се обидуваат да ги легитимираат сурферите, а Рафаел започнува да бега. Полицаецот го вади пиштолот и од непосредна близина пука двапати. За среќа, спортистот не беше погоден. Цело време додека бегаше од полицаецот, сурферот во својата рака ја држеше и даската за сурфање.

- Оглас -

Најнови вести