Организаторите на тенискиот гренд-слем турнир „Ролан Гарос“ имаат проблеми со судиите, прес-конференциите, дождот, покривот на централниот терен, а сега како капак им се појави и полиција. Француските власти истражуваат еден натпревар од првото коло во женски двојки за кој имаат доказ дека е наместен, а доказот е снимка од еден спорен гејм.
Сомнежите се дека имало огромни уплати на брејк во петтиот гејм од вториот сет, кога сервираше Медисон Бренгл, која играше во тандем со Јана Сизикова. Противничките Андреа Миту и Патрисија Марија Тиг го добија гејмот без загубен поен.
Брендгл направи двојна сервис грешка, па одигра лоши поени, за гејмот да заврши со уште една двојна сервис грешка. Кај втората сервис грешка, таа направи и престап, нешто што ретко се случува во тенисот. Уплатите биле големи не само дека ќе има брејк, туку дека дублот кој сервира, овој гејм ќе го загуби на нула.
Ако полицијата го докаже местењето, угледот на турнирот дополнително ќе падне и последиците ќе бидат големи.
Ова е спорниот гејм:
I was told by several sources that many bookmakers issued alerts for abnormal betting in Sizikova/Brengle match at Roland Garros, Set 2 Game 5, Sizikova on serve to get broken. She got broken to love. This is the video of the game (thanks to @UnArdeal for finding the video). pic.twitter.com/OPSO6hBjJj
— Stefano Berlincioni (@Carretero77) October 1, 2020