Полиција во бразилскиот камп, го чува Нејмар или ќе го приведува?

Бразилскиот ас Нејмар има големи проблеми бидејќи му се заканува затворска казна по обвинувањата дека силувал жена во еден од хотелите во Париз.

Нејмар потоа и сам си направи дополнителни проблеми бидејќи ги објави јавно фотографиите и разговорите од жената што го обвини дека ја силувал.

За неовластено објавување туѓи фотографии во Бразил се лежи во затвор, а казната може да биде пет години зад решетки.

Нејмар моментно е на подготовки во Терсеполис, каде што се наоѓа кампот на бразилската репрезентација, а било забележано присуство на полиција.

Бразил се подготвува за Копа Америка, а Кариоките се домаќини на турнирот што ќе се игра од 14 јуни до 7 јули.

 

- Оглас -

Најнови вести