Британската полиција разговарала со англиските репрезентативци пред нивното патување на ЕВРО 2024 во Германија.
Претставниците на Законот ги предупредиле играчите дека нивните домови може да бидат нападнати од провалници за време на првенството. На играчите им биле дадени упатства како да се заштитат себеси и своите најблиски.
Безбедноста на англиските фудбалери стана жешка тема по инцидентот со грабеж во куќата на Рахим Стерлинг за време на Светското првенство во Катар.
И овојпат крадците ќе знаат дека репрезентативците и нивните семејства ќе бидат далеку од дома на подолго време, па празните домови ќе бидат цел.