Лоша вест за сите љубители на фудбалот во Велика Британија кои мечевите од фудбалската Премиер лига ги гледаат на илегални стримови на интернет.
Британската полиција од претстојниот викенд ќе чукне на вратата на повеќе од 1.000 домови во Англија во кои илегално се гледаат натпреварите. Полицијата ќе користи напредна технологија со која може да се открие кој го гледа фудбалот преку интернет-стримови.
Полицијата нема да апси, туку само ќе ги предупредува луѓето да не го прават тоа бидејќи ако продолжат, би можеле да имаат многи проблеми. Опомени ќе стигнуваат и по писмен пат.
Во Англија, Премиер лига може да се гледа на телевизиите „Скај спортс“ и „БТ Спорт“. „Скај спортс“, кој емитува 128 меча годишно, месечно наплатува најевтино, 41 фунта (46 евра), а на „БТ Спорт“ месечната претплата е 15 фунти (17 евра). На оваа телевизија се пренесуваат 52 меча годишно.