Полицијата отвори истрага поради неодговорен потег на најстариот син на Роналдо

Неодговорната тетка Елма го пушти Кристијано Роналдо јуниор сам да вози џет-ски, потег кој ја натера полицијата во Мадеира во Португалија да отвори постапка. Додека ѕвездата на Јувентус е во борба за титулата во Италија, неговиот најстар син го испрати во Португалија на одмор.

Деветгодишното дете заедно со неговата тетка Елма веќе неколку дена се на одмор и уживаат во водените лудории, но сепак отишле чекор над дозволеното. Елма на својот инстаграм профил објавила видео на кое се гледа како малиот Роналдо јуниор сам вози ски-џет, што е забрането за деца на негова возраст.

 

View this post on Instagram

 

Amor para vida toda 🙌como te amo meu menino da tia ❤️família minha vida 🙏⚽️

A post shared by Elma Aveiro (@elma_oficial) on

Иако видеото брзо било избришано, некој успеал да го копира, па снимката пристигнала и до полицијата, која реши да отвори истрага за целиот настан. Според законот во Португалија, вакви џет-ски може самостојно да управуваат само полнолетни личности.

Казната за овој прекршок која го очекува Роналдо е парична и се движи меѓу 298 и 2990 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести