Порто беше единствената европска екипа во групата „А“ на Светското клупско првенство во САД, а конкуренција за првите две места на табелата им беа Палмеирас, Интер Мајами и Ал-Ахли од Каиро.
Сепак, поранешниот европски шампион само со два бода заврши на третата позиција и го заврши настапот на клупскиот Мундијал, а фудбалерите по враќањето во Португалија имаа лошо добредојде од навиваччите.
Група незадоволни навивачи ги пречекаа уште на аеродромот и започнаа да скандираат против претседателот и тренерот на клубот и побараа да си заминат. Сепак, ситуацијата ескалира кога го опколија клупскиот автобус, па тој мораше да застане и тогаш следуваше полициската интервенција, а беа употребени и гумени куршуми за да се растера толпата.