Полицијата спречи црно сценарио: Најдена бомба во близина на „Олимпико“ пред мечот меѓу Италија и Швајцарија

Италијанските медиуми шокираа со веста дека рачно направена бомба била најдена и деактивирана во близина на стадионот „Олимпико“ во Рим, на помалку од три часа пред почетокот на дуелот меѓу Италија и Швајцарија во второто коло од групите на ЕП.

Возилото од марката „Смарт“ било оставено на паркинг, а неколку минувачи се посомневале откако виделе монтирани кабли во возилот и веднаш пријавиле на полицијата. Местото веднаш било евакуирано, по што во акција се пушти полицискиот тим за деактивирање бомби и била спречена катастрофа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести