26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Полицијата влезе во просториите на организаторот на Олимписките игри во Париз

На малку повеќе од една година пред почетокот на Олимписките игри во Париз, француската полиција упадна во просториите на организацискиот комитет на Игрите.

„Во главните простории на организацискиот комитет на Олимписките игри во тек е истрага. ОК на ЛОИ Париз 2024 во целост соработува со полицијата и инспекторите и одговора на сите прашања“, стои во соопштението на ОК на ЛОИ Париз.

Причина за упадот на полицијата и француското обвинителство се двете истраги за корупција и конфликт на интереси.

Првата истрага беше започната во 2017 година и во неа полицијата и француското обвинителство ги проверуваат договорите за набавки потпишани од Организацискиот комитет, кој е задолжен за планирање, организирање и финансирање на Игрите во Париз.

Втората истрага е отворена во 2022 година по инспекцијата што ја направи француската антикорупциска агенција. Со оваа истрага се проверуваат договорите за набавки потпишани од организацискиот комитет и од Солидео, тело кое ја надгледува  изградба на објектите на кои ќе се натпреваруваат спортистите.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август и на нив се очекува да настапат повеќе од 11.000 спортисти.

 

- Оглас -

Најнови вести