Полицијата во Амстердам уапси десетина навивачи на Јувентус

Полициските службеници во Амстердам имаат полни раце работа пред вечерашниот меч од ЛШ помеѓу Ајакс и Јувентус. Главната цел е да се спречат инцидентите помеѓу незгодните фанови на Ајакс и трите илјади Италијанци кои допатуваа во Холандија.

Навивачите на Јуве знаат дека може да бидат нападнати, па со себе носеле ладно оружје, но кај главната метро-станица во Амстердам полицијата приведе десетина од нив бидејќи им пронашла разни „реквизити“, како шрафцигери, чекани, метални прачки и слично.

До почетокот на натпреварот има уште еден час и веројатно нема да има други проблеми. Навивачите на Јувентус за влезница на арената „Јохан Кројф“ платија по 61 евро, а фановите на Ајакс на реваншот во Торино ќе треба да платат по 75 евра.

Ајакс и Јуве девет пати играле еден против друг, но последен пат во 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести